Стани дел од Nelt Pharmaceuticals
Date: Nov 27, 2026
Location: Skopje, North Macedonia
Company: neltco
Стани дел од Nelt Pharmaceuticals
Влези во базата на кандидати
Во Nelt Pharmaceuticals веруваме дека фармацијата нуди многу повеќе можности отколку што се чини на прв поглед.Како дел од системот Nelt, кој успешно работи повеќе од 30 години, го развиваме и поврзуваме фармацевтскиот пазар низ целиот Адриа регионот. Нашето портфолио опфаќа повеќе од 1.000 производи, а зад нивната достапност стојат развиена дистрибутивна мрежа и силни партнерства со брендови како Kenvue, Reckitt Benckiser, P&G Health, BFF, Scholl, Durex и Sebamed.Тука твојата стручност добива нова димензија. Ќе учествуваш во проекти што носат конкретни промени и ќе имаш можност да го следиш развојот на индустријата, да препознаваш нови трендови и да предлагаш иновативни решенија.Веруваме во иницијативата, размената на знаења и луѓето кои сакаат да направат разлика.Ако сакаш твоето знаење да биде двигател на промените, Nelt Pharmaceuticals е вистинското место за твојот следен професионален чекор.
Пријави се во нашата база на кандидати и остани во контакт со нас. Сакаме да запознаеме фармацевтски професионалци кои сакаат да се развиваат, да придонесуваат и да работат на поинаков начин.
Влези во базата на кандидати