Датум: 4.3.2025

Локација: Охрид, Република Северна Македонија

Компанија: neltco

 

Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.000 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа и Африка.

„Нашата визија е да бидеме компанија БРОЈ ЕДЕН во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”

По 25 години развој и посветеност, Нелт СТ стана синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.

Придружи се на тимот кој го води победнички менталитет, грижа и развој на луѓе, иновативност, лична одговорност и долгорочна перспектива.

Опис на работната позиција: 

  • Испорака на роба на купувачот со доставно возило според фактурата по дефинирана рута за движење на возилата
  • Одржување на хигиена на товарниот простор и кабина на возилото за кое е задолжен
  • Визуелен преглед на секое возило наутро и пријава на сите кварови
  • Задолжувања и раздолжувања на документи товарен лист, фактура, патен налог, документ за роба,повратници...)
  • Помош на нововработените во совладување на задолженијата, процедурите и правилата на работното место и компанијата

Услови и компетенции:

  • Основни услови: ССС 
  • Корпоративни компетенции: Долгорочна перспектива, Иновативност, Лична одговорност, Грижа за луѓе, Победнички менталитет
  • Општи компетенции: Задолжитeлно поседување на возачка дозвола Ц категорија

Што нудиме?

  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Работно време од понеделник до петок од 06:00 до 14:00 часот
  • Конкурентна основна плата и бонус по модел на продуктивност
  • Квартални награди за најдобрите работници
  • Исплата на минат труд и годишен регрес
  • Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
  • Погодности за купување со попуст и на рати
  • Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
  • Годишен одмор определен согласно Закон за работен однос
  • Одлична работна атмосфера и работа со најсовремена технологија
  • Единствени на пазарот со систем на дигитална достава
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности.
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на балканот и на афричкиот континент

Научи повеќе за нас преку следните линкови:​

https://www.nelt.com/mk/ 

Nelt Group - YouTube

https://www.instagram.com/lifeatnelt/ 

https://www.linkedin.com/company/neltgroup/