Менаџер за продажба на локални купувачи

Датум: 30.10.2025

Локација: Скопје, Република Северна Македонија

Компанија: neltco

Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.000 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа и Африка.

„Нашата визија е да бидеме компанија БРОЈ ЕДЕН во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”

По 25 години развој и посветеност, Нелт СТ стана синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.

Придружи се на тимот кој го води победнички менталитет, грижа и развој на луѓе, иновативност, лична одговорност и долгорочна перспектива.

Опис на работната позиција: 

  • Унапредување на продажбата и исполнување на DPSM специфичните цели во регионот за кој е одговорен за локалните купувачи
  • Водење, обука и развој на својот тим
  • Иницијативност за продажба на нови артикли како би се постигнале или зголемиле целите поставени за воведување на тие нови производи
  • Развој и градење на бизнисот кај купувачите  преку градење на категориите и зголемување на уделот во продажбата
  • Развој и примена на креативен мерчендајзинг
  • Оценување, следење, известување и подобрување на присуството и активацијата во продажните објекти на месечно ниво.
  • Развивање на добар однос со клиентите (едукација, консултирање, заеднички планови, анализи, известување, носење на одлуки

Услови и компетенции:

  • Основни услови: ВСС 
  • Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на приоритети
  • Општи компетенции : Познавање на Microsoft пакетот, Користење на Power BI алатки, познавање на англиски јазик

Што нудиме?

  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Флексибилно работно време од понеделник до петок, со можност за почеток од 7:30 часот до 8:30 и крај на работно време од 15:30 до 16:30 часот 
  • Можност за работа од дома
  • Исплата на минат труд и годишен регрес
  • Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
  • Поволности за купување со попуст и на рати
  • Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
  • Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на Афричкиот континент

 

Научи повеќе за нас преку следните линкови:​

https://www.nelt.com/mk/

Nelt Group - YouTube

https://www.instagram.com/lifeatnelt/

https://www.linkedin.com/company/neltgroup/