Агент за продажба - Мулти канал

Датум: 20.6.2025

Локација: Струмица, Република Северна Македонија

Компанија: neltco

Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.000 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа и Африка.

„Нашата визија е да бидеме компанија БРОЈ ЕДЕН во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”

По 25 години развој и посветеност, Нелт СТ стана синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.

Придружи се на тимот кој го води победнички менталитет, грижа и развој на луѓе, иновативност, лична одговорност и долгорочна перспектива.

Опис на работната позиција: 

  • Остварување на продажните цели и унапредување на продажбата
  • Соработка со сите купувачи во доделениот реон
  • Shelving/merchandising – Изложување и следење на залиха на производите во соодветна категорија
  • Продажба на производи во согласност со постоечките работни упатства и правила
  • Развој и унапредување на иницијативите согласно претходно поставени цели и насоки
  • Унапредување на вештините, примена на вештини, посветеност за подобрување на продажбата во одредена област.

Услови и компетенции:

  • Основни услови: ССС или ВСС 
  • Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Управување со луѓе, Поставување на приоритети
  • Општи компетенции : Возачка дозвола Б категорија, познавање на работа со компјутер, познавање на англиски јазик

Што нудиме?

  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
  • Дополнителен бонус согласно остварувањето на месечните цели
  • Учество во натпревари со можност за освојување на месечни награди и главна награда
  • Исплата на минат труд и годишен регрес
  • Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
  • Погодности за купување со попуст и на рати
  • Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
  • Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент

 

Научи повеќе за нас преку следните линкови:​

https://www.nelt.com/mk/

Nelt Group - YouTube

https://www.instagram.com/lifeatnelt/

https://www.linkedin.com/company/neltgroup/