Специјалист за сметководство

Датум: 3.9.2025

Локација: Skopje, Република Северна Македонија

Компанија: neltco

Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.000 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа и Африка.

„Нашата визија е да бидеме компанија БРОЈ ЕДЕН во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”

По 25 години развој и посветеност, Нелт СТ стана синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.

Придружи се на тимот кој го води победнички менталитет, грижа и развој на луѓе, иновативност, лична одговорност и долгорочна перспектива.

Опис на работната позиција: 

  • Вршење на постапки на плаќање во компанијата во согласност со процедурите на компанијата, со надзор на претпоставениот
  • Комуникација со банките за сите постапки со нив (плаќања, отворање и продолжување на финансиски инструменти), со редовно известување на претпоставените за моменталните деловни услови со нив и евентуалните промени.
  • Редовно порамнување на картичките со добавувачи, согласно поставените годишни цели
  • Следење на движењето и исправноста на документацијата во рамките на компанијата
  • Подготовка на редовни и точни извештаи во согласност со договорената динамика:
  • Реализација на паричните текови (на дневна, неделна и месечна основа)
  • DMS извештај за непрокнижени фактури
  • Состојба на готовина на сметките (дневни) и трошоци за платниот промет (месечни)
  • Конкретни извештаи по потреба и на барање на претпоставените

Услови и компетенции:

  • Основни услови: ВСС 
  • Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа и развој на луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Функционални компетенции : Поседување лиценца за овластен сметководител
  • Општи компетенции : Познавање на работа со Microsoft пакетот, познавање на англиски јазик

Што нудиме?

  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Флексибилно работно време од понеделник до петок, со можност за почеток од 7:30 до 8:30 часот и крај на работното време од 15:30 до 16:30 часот
  • Можност за работа од дома
  • Исплата на минат труд и годишен регрес
  • Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
  • Погодности за купување со попуст и на рати
  • Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
  • Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на Афричкиот континент

Научи повеќе за нас преку следните линкови:​

https://www.nelt.com/mk/

Nelt Group - YouTube

https://www.instagram.com/lifeatnelt/

https://www.linkedin.com/company/neltgroup/