Специјалист за сметководство

Датум: 22.9.2026

Локација: Skopje, Република Северна Македонија

Компанија: neltco

 

 

Кои сме ние?

Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.000 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа и Африка.

„Нашата визија е да бидеме компанија БРОЈ ЕДЕН во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”

По 28 години развој и посветеност, Нелт СТ стана синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Bambi, BIC, Jacobs, Chips way, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, Dijamant, Duracell, SebaMed, Johnson&Johnson, Baby Food Factory.

Придружи се на тимот кој го води победнички менталитет, грижа и развој на луѓе, иновативност, лична одговорност и долгорочна перспектива.

Опис на позицијата:

  • Вршење на постапки на плаќање во компанијата во согласност со процедурите на компанијата, со надзор на претпоставениот
  • Комуникација со банките за сите постапки со нив (плаќања, отворање и продолжување на финансиски инструменти), со редовно известување на претпоставените за моменталните деловни услови со нив и евентуалните промени.
  • Редовно порамнување на картичките со добавувачи, согласно поставените годишни цели
  • Следење на движењето и исправноста на документацијата во рамките на компанијата
  • Подготовка на редовни и точни извештаи во согласност со договорената динамика:
      • Реализација на паричните текови (на дневна, неделна и месечна основа)
      • DMS извештај за непрокнижени фактури
      • Состојба на готовина на сметките (дневни) и трошоци за платниот промет (месечни)
      • Конкретни извештаи по потреба и на барање на претпоставените

 

Услови и компетенции

  • Образование: Економски факултет
  • Степен на стручна спрема: VII
  • Овластен сметководител (лиценца)

 

 

Посакувани потребни познавања и вештини:

  • Soft вештини: Комуникации, лична одговорност, размислување за раст
  • Технички познавања: Финансиско познавање, познавање и работа со Microsoft пакетот (Word/PowerPoint/Excel), разбирање на бизнисот
  • Јазици: Македонски, Англиски и Спрски

 

 

Што нудиме?

• Обезбеден превоз
• Работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот
• Работа од дома
• Искуство во динамична и професионална работна средина
• Работа и учење од искусен тим на професионалци
• Менторство и насоки за професионален развој
• Можност за стекнување знаења од областа на финансии и сметководство
• Одлична работна атмосфера
• Можност за понатамошен кариерен развој во компанијата