Стручен соработник - реон Прилеп, Битола, Кичево
Датум: 26.11.2025
Локација: Skopje, Република Северна Македонија
Компанија: neltco
Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.000 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа и Африка.
„Нашата визија е да бидеме компанија БРОЈ ЕДЕН во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”
По 25 години развој и посветеност, Нелт СТ стана синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.
Придружи се на тимот кој го води победнички менталитет, грижа и развој на луѓе, иновативност, лична одговорност и долгорочна перспектива.
Опис на работната позиција:
- Одржува и развива соработка со клучните купувачи и клиенти и одговара за остварување на планираните цели кои се однесуваат на брендовите и артиклите од постоечкото продажно порфтолио кое го застапува
- Развива стратегија за зголемување на можноста за одржување на состаноци и разговори со клучните контакти во медицински и здравствени установи
- Редовни работни состаноци со водечките лекари и фармацевти
- Ги насочува и поттикнува фармацевтите и лекарите за создавање на свест кај нивните клиенти за производите од портфолиото кое го застапува
- Претставување на производите во здравстевните установи и аптеки
- Планира, организира и извршува стручна презентација на производите од портфолиото на лекарите и фармацевтите, а во врска со тераписката употреба на производот, начинот на делување; ги истакнува карактеристиките и предностите на секој производ
Услови и компетенци
- VII стручна спрема – Фармацевтски или Медицински факултет
- Одлично познавање на Microsoft Office пакетот
- Возачка дозвола B категорија (активен возач)
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
Што нудиме?
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Работно време од понеделник до петок од 08 до 16 часот
- Дополнителен бонус согласно остварувањето на месечните цели
- Исплата на минат труд и годишен регрес
- Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
- Погодности за купување со попуст и на рати
- Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
- Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на Афричкиот континент
Научи повеќе за нас преку следните линкови:
https://www.nelt.com/mk/
Nelt Group - YouTube
https://www.instagram.com/lifeatnelt/
https://www.linkedin.com/company/neltgroup/