Key Account Executive
Датум: 14.3.2025
Локација: Skopje, Република Северна Македонија
Компанија: neltco
Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.000 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа и Африка.
„Нашата визија е да бидеме компанија БРОЈ ЕДЕН во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”
По 25 години развој и посветеност, Нелт СТ стана синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.
Придружи се на тимот кој го води победнички менталитет, грижа и развој на луѓе, иновативност, лична одговорност и долгорочна перспектива.
Опис на работната позиција:
- Остварување на продажните цели и унапредување на продажбата
- Позиционирање на производите во категоријата согласно пропишаните стандарди на принципалите
- Надополнување и одржување на оптимални залихи на полиците, грижа во врска со квалитетот на производот (рок на траење) и изгледот на изложбено-продажниот објект на клиентите.
- Merchandising: поставување и одржување на ПОС материјали, со цел да се подобри видливоста и да се зголеми продуктивноста, почитувајќи ги пропишаните стандарди на клиентите. Имплементација и координација на договорените маркетинг активности (секундарни места на изложување, комуницирање на специјални понуди ...).
- Промоција на производ: едукација на крајните потрошувачи и промовирање на брендови во согласност со добиените информации.
Услови и компетенции:
- Основни услови: ССС или ВСС
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа и развој на луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на приоритети
- Општи компетенции : Возачка дозвола Б категорија, познавање на работа со компјутер, познавање на англиски јазик
Што нудиме?
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Работно време од понеделник до петок од 08 до 16 часот
- Дополнителен бонус согласно остварувањето на месечните цели
- Исплата на минат труд и годишен регрес
- Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
- Погодности за купување со попуст и на рати
- Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
- Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на Афричкиот континент
Научи повеќе за нас преку следните линкови: